👁️  887

Текстописецот Милан Лаќа Радуловиќ, син на покојната Марина Туцаковиќ и композиторот Александар Фута Радуловиќ, ненадејно починал денеска, дознаваат српските медиуми.

Според нивните сознанија Лаќа починал во Израел, а неговото безживотно тело било пронајдено на улица.

Како што изјави за ПИНК извор близок до семејството, се сомнева дека причина за смртта е предозирање со недозволени супстанци.

Да потсетиме Марина Туцаковиќ, мајката на Лаќа, почина во септември минатата година.