👁️  40

Синот на американскиот претседател Хантер Бајден денеска пред судот се изјасни за невин по трите обвиненија поврзани со огнено оружје што го купил во 2018 година, додека наводно користел недозволени супстанци.

Неговата адвокатка, Аби Ловел, рече дека Бајден ќе поднесе барање за отфрлање на случајот, оспорувајќи ја неговата уставност, пренесува Си-Ен-Ен.

Хантер Бајден беше обвинет за поседување огнено оружје и покрај тоа што бил зависник од дрога, како и за давање лажни изјави кога купил пиштол.

Обвинителите тврдат дека Бајден лажел при пополнувањето на формуларот кога го купил пиштолот, бидејќи не навел дека користел забранети супстанци.