👁️  5

Интер се договори со тренер Симоне Инзаги за продолжување на соработката до летото 2025 година.

„Ова веќе беше договорено за време на претсезонската турнеја во Азија. Останува само да се официјализира, бидејќи станува збор за обновување на договорот за уште една дополнителна година“, изјави Тинти за италијанските медиуми.
Инзаги пред две години седна на клупата на Интер и неговиот актуелен договор има важност до следното лето.
Тој досега двапати триумфираше со Интер во Купот и во Суперкупот на Италија. Под негово водство тимот играше во финалето на Лигата на шампионите минатата сезона и загуби од Манчестер Сити со 0:1.