Симона Халеп доби четири години суспензија поради допинг
👁️ 26
Поранешната најдобра тенисерка во светот, Романката Симона Халеп доби суспензија од четири години поради прекршување на анти-допинг правилата.
Оваа информација денеска и официјално е потврдена. Во финишот на минатата сезона таа беше позитивна на роксадустат, лек против анемија кој го стимулира производството на црвени крвни зрнца. Оваа година уште еднаш беше обвинета за кршење на анти-допинг правилата.
31-годишната Халеп има освоено два грен-слем турнири, Вимблдон и Ролан Гарос, на Австралија опен играше во финалето, а на УС Опен најмногу стигна до полуфинале.