👁️  47

Денеска беше финалето помеѓу Силвио Мировски и грчкиот натпреварувач Ефстахиадис Христос каде победи истиот. Силвио Мировски останува со сребрен медал.

Претседателот на Кик Бокс Маи Таи Федерацијата Дејан Митровски Урко во изјава за Сител Телевизија вели дека и во полуфиналето и во финалето Силвио се бореше против два светски првака.

– Во финалето Силвио изгуби поради искуство и чудниот стил на грчкиот натпреварувач, имаше многу лажни трзнувања за удари а не пласира удари Силвио поради помало искуство и несправувајќи се со тие ситуации не успеа да поентира со него во финалната борба, додаде Дејан Митровски Урко.