Силно невреме денеска ја погоди Чазма во Хрватска и предизвика огромни материјални штети.
Засега нема информации дали има повредени.
„Големи штети, здробени автомобили, превртени камиони, соборени дрвја. Нема струја во цел град и како што сега стојат работите два дена ќе нема струја бидејќи е урнат 35 киловатниот далновод“, изјави градоначалникот на Чазма, Динко Пирак, кој беше обиколка на градот.