👁️  243

Израел им понуди на лидерите на радикалното палестинско движење Хамас да го напуштат Појасот Газа како дел од новиот предлог за договор за прекин на огнот, објави синоќа Си-Ен-Ен, повикувајќи се на двајца американски претставници.

Иако предлогот ќе обезбеди безбеден излез за лидерите на движењето, одземањето на водачите од појасот Газа може да ја ослаби контролата на Хамас врз регионот и да му овозможи на Израел да продолжи да ги надгледува високите претставници во странство, наведуваат американските медиуми.

Си-Ен-Ен забележува дека во текот на четирите месеци од конфликтот, Израел не успеал да убие ниту еден висок претставник на Хамас во Појасот Газа. Водачите на групата се лоцирани во Катар, Либан и други места надвор од палестинските територии, соопшти ТВ каналот.

Американската информативна телевизија коментираше дека за таков предлог се разговарало најмалку двапати во последните недели, но тешко дека Хамас би се согласил со такви услови.

фото: МИА архива