👁️  5

Шведската пливачка Сара Шестрем стана најодликуваната во историјата на светските првенства во водени спортови во поединечна категорија.

Таа откако стигна до златото на 50 метри слободно, што е нејзин 21. медал во кариерата од светските првенства, 12. златен.

Со тоа го надмина Мајкл Фелпс, кој досега важеше за најтрофеен на пливачките мундијали со вкупно 20 медали (од нив 15 златни и пет сребрени).

Шестрем, која е веќе 29-годишна, на СП во Фукуока дојде со 19 индивидуални медали (10 златни, шест сребрени и три бронзени), по што успеа двапати да стигне до титулата, на 50 метри пеперутка и на 50 метри слободно. Патем, во второво финале, денеска исплива 23 секунди и 62 стотинки, само еден стоти дел од секундата побавно од светскиот рекорд што го постави во полуфиналето.

На целата колекција има додадено само еден екипен, сребрен од штафетата на Шведска на 4х100 метри мешано, во Казан, во 2015 година.

На ова Светско првенство, Фелпс беше поминат и од една друга девојка, неговата сонародничка Кејти Ледеки и тоа по бројот на златни медали на светските првенства, повторно не сметајќи ги штафетите, односно само поединечни. Ледеки освои два за да дојде до 16, а Фелпс има 15.