Истражувачи од Каролинска Институтот во Стокхолм постигнаа значаен пробив во борбата против ракот, развивајќи ДНК нанороботи кои ја активираат терапијата само во близина на туморот. Овие нанороботи функционираат како биолошки „прекинувачи“ што ја ослободуваат терапијата само во кисела микросредина – типична за канцерогените клетки – при што здравото ткиво останува недопрено.
Технологијата се заснова на „биолошко оригами“: генетски материјал свиткан во структура која се отвора само при pH вредност од 6.5, карактеристична за ракот на дојка. Со отворањето, се активираат молекули што предизвикуваат смрт на туморските клетки.
Во тестирања на глувци, овие нанороботи довеле до 70% намалување на растот на канцерогените клетки. Истражувачите планираат натамошни испитувања за проверка на ефикасноста кај други типови рак и можните несакани ефекти. Резултатите се објавени во списанието Nature Nanotechnology.







