Поради владините реформи во законот за работни односи, синдикати на вработените во јавниот сектор (АДЕДИ) и на Комунистичката партија (ПАМЕ), како и работнички здруженија и федерации за денеска закажаа 24-часовен штрајк и протести пред грчкиот Парламент, јави дописничката на МИА од Атина.

Во штрајкот учествува Федерацијата на просветни работници, која повика училиштата да бидат затворени, Федерацијата на лекарите од државните болници, додека пак иако првично најавија учество и контролорите на летање, вчера беше прогласено за незаконско, со што авионскиот сообраќај ќе се одвива регуларно.

Поради штрајкот проблеми ќе има во јавниот превоз во Атина, со оглед на тоа дека метрото нема да работи, а со неколкучасовни прекини на работното време учествуваат и автобусите и тролејбусите во Атина.