👁️  4086

Скопје попланево е зафатено од силно невреме со силен дожд и зголемено електрично празнење. Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат за нестабилност на времето викендов.

Скопје го зафати силно, но краткотрајно невреме со силен дожд и зголемено електрично празнење.

Имено, попладне најпрвин во западните, а во вечерните и ноќните часови и во останатите подрачја времето ќе биде облачно со повремен дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни, проследени со грмежи и засилен до силен ветер. Локално ќе има услови за појава на невреме.

Во Скопската Котлина променливо облачно со кратки сончеви периоди. Во вечерните и ноќните часови облачно со повремен дожд. Во делови од котлината врнежите повремено ќе бидат поројни и пообилни, проследени со грмежи, засилен до силен ветер, а ќе има и услови за појава на краткотрајно невреме. Температурата во Скопје до 24 степен.

За утре се најавува малку постабилно време. Во раните утрински часови ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд. Преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува засилен до силен ветер од северен правец. Масималната температура ќе се искачи до 27 степен.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен, повремено и силен ветер од северен правец. Во Скопје, температура до 23 степен.