Германскиот плејмејкер Денис Шрудер кој го доби признанието за најкорисен кошаркар на Мундобаскетот 2023, се пожали дека е неверојатно што ниту еден меч на репрезентацијата (освен финалето) не беше пренесуван во Германија.
„Ова го чекавме долго време. За репрезентацијата играм веќе 10 години, а сега сме тука по минатогодишниот бронзен медал. Ова е неверојатен тим. Тренерот направи одлична работа што не зближи и не доведе до најдобриот можен рекорд, 8-0.
Мислевме дека турнирот ќе се прикажува на телевизија во Германија, но се гледаше само финалето. Кошарката е голем спорт и се надевам дека заслуживме почит за она што го постигнавме во последните две години. Би сакал секој натпревар на германската репрезентација да биде прикажан на телевизија“, изјави разочараниот Шрудер.