Германскиот канцелар Олаф Шолц остро го осуди денешниот напад со молотови коктели врз синагога во Берлин, нагласувајќи дека Германија никогаш нема да прифати напади врз еврејските институции.

Шолц, кој разговараше со новинарите за време на посетата на Египет, рече дека Германија нема да прифати насилни и антисемитски протести и дека заштитата на еврејските институции дополнително ќе се зајакне.