👁️  1433

Шокантни се сликите кои доаѓаат од Киев, кој е цел на руски ракетен напад, неколку часа по изјавите на Владимир Путин кој ги обвини украинските тајни служби за експлозијата на мостот на Крим.

На едно од видеата може да се види млада девојка која шета низ улиците на Киев, видно шокирана од она што се случи по неколку месеци мир во главниот град на Украина.

Одеднаш и на релативно мала оддалеченост од местото каде што се наоѓаше девојчето, се слуша звукот и се гледа блесок на експлозија при што ударниот бран го „удри“ девојчето кое се чини, за среќа, остана неповредено.

Градоначалникот на Киев, Витали Кличко, на Телеграм соопшти дека се погодени цели во главниот град на Украина. Тој од жителите на Киев побара да се засолнат. Според украинската радиотелевизија Суспилне, која се повикува на извори од спасувачките служби, во нападот врз Киев досега се загинати и повредени повеќе лица.

Киев од почетокот на војната повеќепати беше цел на руски напади. Ова е најтежок напад врз градот во последните месеци.

„Една од ракетите падна кај споменикот ‘Грушевски’, на улицата ‘Володимир’. Спасувачите се во акција“, соопшти советникот во украинското Министерство за внатрешни работи, Антон Герашченко. Улицата „Володимир“ се наоѓа директно во центарот на Киев.