Словенечките медиуми попладнево излегоа со шокантна вест во која тврдат дека полициски инспектор бил сексуално злоставуван на прослава.
Како што објави nova24tv.si, во центарот на последниот инцидент во Словенија е полицаец, поточно полициски инспектор.
– Неофицијално дознаваме дека полицискиот инспектор бил на забава на која бил сексуално злоставуван и дека на таа забава имало дрога, објави nova24tv.si.
– Можеме само да потврдиме дека љубљанската полиција постапува по сомнително кривично дело од областа на неовластени дроги. Во врска со ова, полицијата воведе и внатрешна безбедносна процедура, велат од љубљанската полиција за споменатиот портал.
На прославата наводно интервенирала и полицијата поради употреба на дрога и сексуални оргии. Се наведува дека полицискиот инспектор бил силуван и затоа е во нестабилна здравствена состојба.