👁️  6543

Рускиот претседател Владимир Путин го посети Калининград и по тој повод имаше краток разговор со жителите на ексклавата.

Како што објави на својот Твитер профил, Фенсис Скар од Би-Би-Си Мониторинг, Путин ја запрел својата колона за да разговара со локалното население покрај патот околу 10 секунди.

– Се е во ред?, праша Путин, на што доби одговор „ДА“.

– Гувернерот не те вознемирува?

– „НЕ“

– Во ред, пријатен ден, краток беше рускиот претседател.

Вчера Путин посети и училиште во Калининград, каде со учениците разговараше за актуелни теми, меѓу кои и војната во Украина.