Тренерот на Голден Стејт, Стив Кер, најави дека ќе се повлече од селекторската функција на кошаркарската репрезентација на САД по Олимпијадата во Париз.

„Не, нема да бидам тренер по ОИ. За мене тоа е циклус од две години. Грег Попович беше тренер на Светското првенство во 2019 година и на Олимписките игри во Токио 2021. Сега е мојот ред да ја предадам штафетата “, изјави Кер за US Athletics.