ШЕКЕРИНСКА ДО ПЕТОК ВО ЛИТВАНИЈА: Ќе учествува на „Снежен состанок 2025“ и ќе ја посети борбената група на НАТО „Железниот волк“

Заменик генералната секретарка на НАТО, Радмила Шекеринска од денеска до петок ќе престојува во посета на Литванија, каде ќе учествува на годишниот Форум за надворешна и безбедносна политика на високо ниво „Снежен состанок 2025“ што се одржува во градот Тракаи.

На маргините на Форумот предвидено е Шекеринска да има билатерални средби со други високи претставници учесници на собирот, меѓу кои и со литванскиот претседател Гитанас Науседа и министрите за надворешни работи и за одбрана на Литванија, Кестутис Будрис и Довиле Шакалиена.


Покрај учеството на Форумот, Шекеринска за време на престојот во Литванија ќе ги посети и припадниците на Мултинационалната борбена група на НАТО и на бригадата „Железниот волк“ стационирани во градот Рукла.  

Фото: МИА Архива