Ситуацијата во Појасот Газа излегува од контрола, предупреди денеска шефот на СЗО, по експлозијата во болница во која загинаа стотици луѓе.

-Ситуацијата во Газа излегува од контрола. Повикуваме насилството од сите страни да престане, објави шефот на Светската здравствена организација Тедрос Аданом Гебрејесус на „X“.