Шефот на кинеската одбрана: Кина не обезбедува оружје на ниту една страна во конфликтот во Украина

Шефот на кинеската одбрана им рече на Соединетите држави дека Пекинг не обезбедува оружје за ниту една страна од конфликтот во Украина и дека Кина има „непристрасна позиција“, изјави денеска кинескиот портпарол.


-Ја почитувавме нашата заложба да не даваме оружје на ниту една страна од конфликтот. Во согласност со законите и прописите, воведовме строга контрола на извозот на воени предмети, рече портпаролот по одржаните разговори меѓу американскиот секретар за одбрана Лојд Остин и неговиот кинески колега Донг Џун.