👁️  5

Ограбувањата на домовите на познатите фудбалски асови е тренд кој трае веќе некое време и прашање е дали некогаш ќе запре со оглед на тоа што постојано имаме информации за грабежи, непријатни моменти.

Токму еден од криминалците кој се занимава со ова даде интервју за шпански „Ел Еспањол“ и притоа обелодени дел од неговите жртви.

-Го ограбивме Карим Бензема, а еднаш се обидовме да го ограбиме и Кристијано Роналдо. Упаднавме во неговата куќа во Мадеира, но пленот што го најдовме таму не беше примамлив. Пред 11 години влеговме во куќата на Јохан Кројф, не ни знаевме дека е негова. Сфативме чија е кога ги видовме фотографиите на ѕидовите. Успеавме да украдеме вредни предмети од околу 20 илјади евра, -истакнал лидерот на оваа група кој е познат по името Алберто.

Тој откри дека неговата група можела да го „олесни“ и Лионел Меси, но многу го цени Аргентинецот и затоа не се реализирала ваква акција.

-Неколку пати ги запирав луѓето кои сакаа да упаднат во куќата на Меси. Се разбира, не можам да ги запрам сите такви обиди, но овој пат можев. Многу сум горд на тоа. Можев сам да го ограбам Меси, имав можност да упаднам во куќата на неговите родители пред околу една година. Не го направив тоа од почит кон Меси, се грижам за него, -вели Албертон/