👁️  5

Битолски Пелистер славеше со 81-71 против МЗТ Скопје во мечот од Првата македонска кошаркарска лига. За Пелистер тоа е прва победа сезонава.

„Пелистерци“ од стартот го контролираа резулаттот, па се чини дека кризата на почетокот на сезоната е надмината. МЗТ имаше и пех со тоа што Бојан Крстевски го повреди зглобот и беше заменет уште во првата четвртина. Во тој период Пелистер имаше предност од 20-13.

Во еден момент домашните имаа и предност од 38-18, па „металците“ се подразбудија и на полувреме спуштија на девет разлика (39-30).

Во вториот дел МЗТ се доближи и до само два поени разлика (58-56), сепак, „пелистерци“ не дозволија и пресврт. Проблемите за МЗТ се зголемија кога Војдан Стојановски ја заработи четвртата лична грешка. Последната четвртина Пелистер рутински ја одработи и стигна до победата.

Бернард и Маслинко со по 21 поен беа најефикасни кај Пелистер, а кај МЗТЗ тоа беше Расел со 18, додека Танасковиќ постигна 17.