Борис Шамбевски од УМС на ВМРО-ДПМНЕ оценува дека политичари кои се претставуваат како блок во опозицијата не можат да продаваат патриотизам кога ќе се земе предвид нивното однесување.
-Блокови во опозицијата, кои јас не би ги нарекол опозиција бидејќи се покажа во овие 7 години, тоа не е опозиција. Кога ти узрипуваш во секој момент за владава да остане, а играш со чувствата на луѓето и продаваш некој патриотизам кој што се гледа дека е популистички. Тоа можеби ќе ви поминеше пред 10-15-20 години, но во оваа генерација на млади луѓе не поминува тоа. Не може пена да ти фати устата, по штабовите, по говорите на говорница во Собрание, по социјалните мрежи, илјадници евра во бустови на Фејсбук да уплатиш дека 65% од населението или 75% не може да отиде на одмор, а ти се чекираш и леташ во Хургада на одмор, рече тој.
Шамбевски посочи дека не може тие луѓе да објаснуваат за патриотизам и за тоа колку работникот и младиот човек во оваа држава е угнетен.
Видеото погледнете го на ОВОЈ ЛИНК
https://www.facebook.com/reel/1405800549986998