👁️  5

Поранешниот фудбалер на ПСЖ и Реал Мадрид, Серхио Рамос е блиску до преминување во Галатасарај. Фудбалерот има статус на слободен играч.

Според новинарот Фатих Демиркол од „Хабер Глобал“, клубот од Истанбул го убедил 37-годишниот Шпанец да му се приклучи на турскиот шампион.

За ПСЖ, Рамос за две години одигра 58 натпревари, постигнувајќи шест гола и една асистенција. Пред тоа, Шпанецот играше во Реал Мадрид од 2005 до 2021 година.