Возачот на Ред Бул, Серхио Перез доби четири казнени бодови за инцидентите кои ги предизвика на Големата награда на Јапонија.
Станува збор за ситуацијата при претекнување на Фернандо Алонсо пред влез во бокс додека на стазата беше сигурносното возило и судирот кој го предизвика во 11. кривина при претекнување на Кевин Магнусен.
По прегледување на снимките утврдено е дека Перез е виновен со оглед на тоа што во ситуацијата во која беше немал право да влезе во тркачкиот простор на Магнусен.
Оценето е дека Мексиканецот „не успеал да изведе престигнување на сигурен и контролиран начин“ за што е казнет со два казнени бода.