👁️  12

Се очекува во скоро време „ѓаволите“ да дадат зелено светло за Сер Џим Ратклиф да купи 25% од акциите на клубот.

Како дел од зделката, најбогатиот Британец ќе добие контрола над фудбалските операции и последните информации велат дека тој планира да го избрка Ерик тен Хаг, без разлика какви ќе бидат резултатите во следниот период.

Џим Ратклиф сака да го именува Роберто Де Зерби за нов тренер, Италијанецот ќе треба да го промени стилот на игра на Манчестер јунајтед.

44 годишниот стратег често добива пофалби за работата на кормилото на Брајтон и партиите кои ги прикажуваат популарните „галеби“.