👁️  12

Женската сениорска кошаркарска репрезентација ќе ја започне борбата за пласман на континенталниот собир, закажан за 2025 година, во претстојниот ноември.

Натпреварите се закажани за на 9. ноември и на 12. ноември, во рамки на првиот квалификациски прозорец, а противниците ќе ги дознаеме идниот вторник.

ФИБА го закажа одредувањето на квалификациските групи и ги објави шеширите од кои ќе бидат извлечени. Нашата репрезентација ќе ги чека противниците заедно со Ирска, Австрија и Азербејцан, екипи со кои е сместена во осмиот шешир. Ждребот е закажан за 19. септември, со почеток во 14:00 часот.