Во Собранието денеска седница ќе одржи Законодавно-правната комисија.
На дневен ред на Комисијата се Предлог на деловник на Собранието на Република Северна Македонија, во прво читање и Барање за давање на автентично толкување на: Одредбата од чл. 3 став 4 од Законот за изменување и дополнување на Законот за даноци на имот (Сл. Весник на РСМ бр. 151/21), поднесено од градоначалникот на Општина Охрид Кирил Пецаков.