👁️  5

Актуелниот прв човек на светската атлетика, Себастијан Коу беше реизбран по трет пат за претседател на светската атлетика.

На 54-тиот Светски атлетски конгрес во Будимпешта, Ксимена Рестрепо беше реизбрана за потпретседател, а ќе ѝ се придружат и новоизбраните потпретседатели Раул Чападо, Адил Сумаривала и Џексон Тувеи.

За Коу гласаа вкупно 192 членови на Конгресот со право на глас, а тројца беа воздржани. Според правилата, ова ќе биде последниот мандат на Коу како претседател на светската атлетика.