👁️  663

Вчера во СВР Скопје било пријавено дека околу 19:40 часот на бензинска пумпа во село Марино, општина Илинден, настанал пожар во патничко возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Љ.В.(59) од населбата Илинден.

Имено, според пријавеното, додека вработениот М.К.(20) од с.Јурумлери, скопско, точел плин во возилото, настанал пожар при што тој се здобил со повреди. Од пожарот било оштетено и возило „алфа ромео“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на К.Н.(68) од село Бујковци, скопско.

Пожарот бил изгаснат од вработените, а увид извршила екипа од СВР Скопје.