👁️  68

Автобус се запали на околу три километри пред месноста „Стража“.

-Денес, 01.09.2023, во 11.25 часот на бесплатниот број за итни повици 112 е добиена пријава дека пред патниот премин Стража е запален патнички автобус кој се движел на редовната линија Скопје – Охрид.

Операторот од 112 веднаш ги известил МВР – СВР Тетово и ТППЕ Гостивар. Гостиварските пожарникари итно излегле на лице место и го изгаснале запалениот автобус.

Нема ниту еден повреден патник. Во тек е увид од увидна екипа на МВР.

Сообраќајот се одвива нормално, информираат од ЦУК.