Во аероклубот во близина на грчкиот град Тива, претпладнево се урнал мал авион со еден мотор, а загинал пилотот, јави дописничката на МИА од Атина.

Причините за несреќата засега официјално не се познати, а според грчката државна телевизија ЕРТ, се појавил проблем при полетувањето.