👁️  383

Авион на хрватското воено воздухопловство MIG-21 се урнал за време на планирана обука во областа Слатина во вировитско-подравинската жупанија, соопшти Министерството за одбрана на таа земја.

Како што додаваат од хрватското Министерство, авионот се урнал нешто пред 14 часот.

Се наведува дека се преземени сите мерки и дејствија за пронаоѓање и спасување на екипажот.

Министерството за одбрана на Хрватска, како што вели, навремено ќе ја информира јавноста за деталите.

Се работи за авион со две седишта.
Со еден пилот е воспоставен контакт и се чини дека успешно се катапултирал. Потрагата по уште еден пилот е во тек, пренесува Индекс.