👁️  40

Се шири пожарот кај неготинско Дуброво, гаснат пожарникари од Неготино и Кавадарци, велат од ЦУК за МИА.

Според вонредната информација од РЦУК – Велес, тие од ТППЕ Неготино во 17:25 часот биле известени за пожар на отворен простор во атарот на село Дуброво, каде горела сува трева и шума.

– Заради засилен ветер пожарот се проширува со голема брзина. На терен интервенираат ТППЕ Неготино со 12 пожарникари и три ПП возила и ТППЕ Кавадарци со тројца пожарникари и едно возило џип, се вели во вонредната информација до МИА.

Неготинци се надеваат дека дождот што почна да паѓа во градот пред некое време, ќе им помогне на пожарникарите да го изгаснат пожарот.