👁️  278

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, објави дека се разведува од сопругата Наталија по 25 години брак. За тоа зборуваше во интервју за украинскиот „Бабел“ и ги откри сите детали.

Кличко појасни дека не е тајна дека долги години живеат во различни земји.

Долги години имаме различни интереси, имаме различен живот. И решивме веќе да го формализираме тоа. Тоа е желба на двајцата. Сè уште сме во добри односи, се почитуваме, децата се пораснати, а животот продолжува“, рече Кличко.На прашањето дали друга жена му го освоила срцето, Кличко одговорил со реплика од државната химна на градот: „Моето срце е окупирано само од Киев, како да не те сакам Киеве мој?“ (ова е дел од песната „Iak tebe ne liubiti, Kiieve mii?“).

Виталиј и Наталија Кличко се венчаа на 26 април 1997 година. Во семејството Кличко се родени три деца: синовите Јегор-Даниел и Макс и ќерката Елизабет-Викторија. Наталија Кличко долги години живее во Германија, каде што ја гради својата музичка кариера, има свој канал на YouTube, а нивните деца студираат во странство.

Освен што многумина го паметат како професионален боксер, Кличко ја објави својата кандидатура за претседател на Украина на 28 февруари 2014 година, но на 29 март објави дека се повлекува од трката за претседател на Украина и дека ќе ја поддржи кандидатурата на Петро Порошенко, подоцнежниот победник, а во исто време најави дека ќе се кандидира за градоначалник на Киев. На изборите одржани на 25 мај победи со речиси 57 отсто од гласовите.