Две светиниколски текстилни компании понудија парична награда од по 5000 денари за секој вработен што ќе донесе нов вработен во нивните фирми, јавува Сител телевизија.

Имено, на овој чекор се одлучиле поради зголемените нарачки и поголемиот обем на работа, а по препорака на германските партнери, каде овој модел е одамна востановена пракса.


Сепак и после 5 дена, на огласот за вработување се пријавиле само повозрасни неквалификувани работници.

„Не е оној квалитет на работници кои ние ги очекувавме. Доаѓаат повеќе луѓе за рачна работа, кои не се нафаќаат да работат на машина, кои немаат искуство за машинска работа“- изјави Ангел Димитров, сопственик.