👁️  2175

Федералната служба за безбедност на Русија ФСБ објави видео од осомничената Наталија Вовк која наводно е поранешен офицер на Азовскиот полк и агент на Украинската безбедносна служба, сега веќе  осомничена за убиството на Дарија Дугин, ќерката на Александар Дугин, во саботата навечер.  

ФСБ денеска објави дека Наталија Вовк стои зад ликвидацијата, а подоцна додаде дека нејзиното презиме всушност е Шабан, што е и презимето на нејзината четиринаесетгодишна ќерка која пристигнала во Москва со неа на 23 јули годинава од Украина. 

На видеата се гледа секојдневното однесување на Наталија Вовк или Шабан, нејзиното движење, возење, но и впечатлив детаљ дека ја променила бојата на косата од кафена во сина, потоа назад во кафена боја, како што има на нејзината официјална лична карта на SBU. 

Имено, како што соопшти ФСБ, Наталија Павлова Вовк е родена во 1979 година, а во Русија пристигнала на 23 јули 2022 година.  

Според ФСБ, таа изнајмила стан во зградата во која живела и Дарија Дугина, каде секојдневно следела информации за движењата, нејзините секојдневни навики и начин на движење и живеење и дека со помош на соработници успеала да ја ликвидира. 

ФСБ додава дека по извршеното злосторство, Наталија Вовк и нејзината ќерка ја напуштиле територијата на Руската Федерација и истиот ден преку регионот Псков заминале во Естонија. 

На денот на убиството, Вовк и ќерка и биле на книжевно-музичкиот фестивал Традиција, каде Дугина била почесен гостин.