👁️  12

Новак Ѓоковиќ својата 24-та Грен слем титулата одлучи да ја прослави во чест на легендарниот кошаркар, Коби Брајант. По завршување на финалето на УС Опен кое го доби со 3-0, тој облече маица на која стоеше „Мамба засекога“, а на неа беше испечатена нивна заедничка фотографија. Бројката 24 асоцира на Коби, кој во ЛА го носеше и овој број, а од синоќа асоцира и на Ноле, кој постави високи стандарди во светот на тенисот.

По финалето на социјалните мрежи се огласи и сопругата на Коби, Венеса Брајант. Таа му ја честиташе победа на Ѓоковиќ и порача:

„Честитки Новак, тој е тој мамба менталитет. Вистинскиот го препознава вистинското“.