👁️  40

Селекторот на фудбалската репрезентација на Англија, Герет Саутгејт откри дека два пати го разубедувал фудбалерот Кајл Вокер од намерата да се откаже од играњето за националниот тим.

Вокер е во англискиот тим од 2011 година кога дебитираше под водство на Фабио Капело. Тогаш имаше 21 година. Но дури по доаѓањето на Герет Саутгејт во националниот тим во 2016 година, десниот бек на Сити стана стандарден играч на „Гордиот албион“.

Два пати го разубедував да не се откаже од националниот тим. Еднаш по ЕП 2020 и другиот пат по СП 2022. Тој е важен играч за нас. Ако зборуваме за играчи од светска класа на неговата позиција во нашиот тим, тој е еден од нив. Мислам дека Кајл тогаш не сфаќаше колку е важен играч за нас, но сега тоа го гледа. Веројатно нема да ми се заблагодари што го споделив ова со вас“, кажа Саутгејт за „Би-би-си“.

Од дебито за репрезентацијата на Англија, Кајл Вокер има 77 натпревари, 1 гол и 9 асистенции.