Горан Самарџиев не успеа да се радува на победа на својот прв натпревар како тренер на Работнички. Вчеравечер во СРЦ „Кале“ во Скопје, победа забележа Еуро Никел.

Во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје, Пелистер беше поуспешен на средбата со Феникс, додека во дербито на дното, Вардар ја совлада Академија ФМП.

Резултати на трите неделни натпревари во Првата македонска кошаркарска лига:
Вардар – Навико Академија ФМП 102:91
Работнички – Еуро Никел 70:74
Феникс – Пелистер 73:80.