САЛИВАН: Администрацијата на Џозеф Бајден ќе бара Конгресот да одобри нова воена помош од САД за Украина за 2025 година

Актуелната американска администрација планира да испрати барање до Конгресот за нова помош за Украина за фискалната 2025 година за време на периодот на транзиција, изјави денеска советникот за национална безбедност на американскиот претседател Џејк Саливан.

-Во следните два месеци, администрацијата ќе испрати сигнал до Конгресот дека би сакале да видиме дополнително финансирање за Украина во 2025 година, за да има можност да ја постигне најдобрата позиција, најсилната можна преговарачка позиција, рече Саливан, според соопштението на Стејт департментот.


Тој нагласи дека тимот на американскиот претседател Џозеф Бајден смета дека е неопходно и логично да се најдат дополнителни ресурси за поддршка на Украина.

фото: ЕПА