👁️  110

Салатите како главно јадење се идеален оброк, особено во лето поради високите температури.

Ладната салата со пилешко содржи совршен сооднос на месо и зеленчук, а по подготовката може да се чува во фрижидер ден-два, што може да ве спаси од готвење за време на топлината.

Состојки:

150 гр пилешки гради
40 гр тестенини
2 тврдо варени јајца
3 листови зелена салата
50 гр авокадо
80 гр шери домати
сушен магдонос и сол
2 супени лажици јогурт

Подготовка:

Пилешкото се сече на тенки парчиња, се зачинува со сол и бибер и се пржи на малку кокосово масло. Гответе ги тестенините. Сварете ги и јајцата.

Авокадото и шери доматите исечкајте ги на коцки и ставете ги во сад. Додадете ја салатата исечена на помали ленти. Кога пилешкото и тестенините ќе се изладат, додајте ги во салатата. Тврдо варените јајца исечкајте ги на помали парчиња и додајте ги во салатата.

Сè убаво измешајте, по потреба додајте сушен магдонос и сол и прелијте со 2 лажици јогурт.