👁️  26

Напаѓачот на Арсенал, Букајо Сака, втора година по ред е прогласен за најдобар англиски фудбалер, објави денеска Фудбалската федерација на Англија (ФА).

Сака го понесе признанието за најдобар фудбалер во сезоната 2022/23 во избор на англиските навивачи, освојувајќи ја наградата пред играчот за врска Џад Белингам и напаѓачот Хари Кејн.

Сака, кој за Англија дебитираше во октомври 2020 година, постигна седум голови на десет натпревари во последните 12 месеци во националниот дрес, вклучувајќи го и хет-трикот во триумфот над македонската репрезентација од 7-0 во јуни годинава.

Неодамна Сака беше прогласен и за најдобар млад играч ма сезоната во Премиер лигата и се најде во идеалниот тим на годината во англиското првенство.