Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, беше дел од четвртиот конгрес на единствената македонска партија во Албанија.

-Денес ја имав таа чест да присуствувам на четвртиот конгрес на единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ под мотото „Македонците – нераскинлив дел од Албанија“, каде покрај другото се зборуваше и за унапредување на положбата, правата и слободите на Македонците во Република Албанија.