👁️  5

Белата куќа денеска објави дека Северна Кореја неодамна испратила пратка оружје во Русија, оценувајќи ја како загрижувачка поради зајакнувањето на воените односи меѓу двете земји.

Белата куќа објави серија сателитски снимки за кои американските власти велат дека покажуваат дека пратка од севернокорејско складиште за муниција била натоварена на брод под руско знаме, а потоа транспортирана со железница до магацин во близина на југозападната граница на Русија. Испораката, како што наведоа, се одвивала помеѓу 7 септември и 1 октомври.

-Ја осудуваме Северна Кореја што ѝ ја испрати на Русија оваа воена опрема, која ќе се користи за напади на украински градови, убивање украински цивили и продолжување на нелегалната војна на Русија, изјави денеска портпаролот на Белата куќа, Џон Кирби.