👁️  5

тејт департмент и Службата за надворешна акција на Европската Унија (ЕЕАС) отворија заеднички механизам за координација за Западен Балкан, фокусиран на манипулации со информации и надворешни влијанија (ФИМИ), што вклучува дезинформации и пропаганда.

Препознавајќи ја нашата споделена политика кон Западен Балкан и странските актери кои го таргетираат регионот со операциите на ФИМИ, овој механизам ќе го зајакне интегритетот на информацискиот простор на Западен Балкан, соопштија синоќа од Стејт департментот.

Во дописот се вели дека „механизмот ќе даде можност на партнерите истомисленици да станат независни во справувањето со заканата од ФИМИ и да работат заедно за да ја намалат способноста на Русија и Народна Република Кина да користат кампањи за пропаганда и манипулација со информации во регионот“.

Оваа мерка има за цел да ја зајакне Европа како геостратешки партнер, да го зајакне демократското владеење и владеењето на правото, како и да ги направи регионалните партнери побезбедни и попросперитетни, кажа Стејт департментот.

Продолжуваме, додаваат, да работиме за интеграција на регионот во евроатлантските структури.

САД и Македонија лани во мај потпишаа меморандум за соработка во борбата против дезинформациите.

Овој Меморандум за разбирање уследи по состаноците одржани во Скопје на 11 април 2023 година, меѓу Владата и Стејт департментот на САД. За време на тие состаноци, двете страни изразија загриженост за напорите на Русија и други да шират дезинформации за поткопување на демократијата и националната безбедност низ целиот свет, соопшти тогаш Стејт департментот.

Елизабет Ален, потсекретарка за јавна дипломатија и односи со јавноста на С

тејт департментот, на 20 мај беше во посета на Македонија за да се сретне со експерти за странско злонамерно влијание и да го посети археолошиот локалитет Стоби.

Ален беше и во Србија, Косово и Босна и Херцеговина.