Руската противвоздушна одбрана рано утринава пресретнала три украински беспилотни летала над регионот Калуга, југозападно од Москва, соопшти руското Министерство за одбрана.

„Руските системи за противвоздушна одбрана навремено ги открија и уништија сите беспилотни летала. Немаше жртви или материјална штета“, јави министерството на каналот Телеграм.