👁️  103

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека руската војска ќе го подигне американскиот дрон од дното на морето заради свои интереси.

Руската војска ќе го крене американскиот дрон од дното на морето доколку смета дека е неопходно од безбедносен интерес, сигурен е портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, пренесува РИА.

„Ова е прерогатив на војската. Ако сметаат дека е неопходно за нашите интереси и нашата безбедност да го направат ова во Црното Море, тие ќе го направат тоа“, одговори портпаролот на Кремљ на новинарите денеска, на прашањето дали Русија ќе се обиде да го подигне дронот од дното на морето и да го проучи.

Во исто време, Песков призна дека не знае точно за плановите на армијата.

„Ова е нивен прерогатив и треба на нив да им се упатат прашања“, објасни портпаролот на Кремљ. Како што соопшти руското Министерство за одбрана, средствата за контрола на руските воздушни сили снимиле лет на американски дрон MQ-9 на територијата на Кримскиот Полуостров во вторникот наутро.

Како што е наведено во одделот, летот бил извршен со исклучени транспондери „прекршувајќи ги границите на областа на привремениот режим на користење на воздушниот простор, воспоставен за извршување на специјална воена операција, донесена до сите корисници на меѓународниот воздушен простор и објавена во согласност со меѓународните стандарди“.