👁️  5

Руските власти утринава соопштија дека собориле двe украински беспилотни летала над регионот Белгород, на границата со Украина и додадоа дека нема жртви.

-Системите за противвоздушна одбрана уништија две беспилотни летала над територијата на регионот Белгород утрово околу 01:20 часот по локално време, соопшти руското Министерство за одбрана.

Се додава дека одбранбениот систем функционирал во градскиот округ Јаковљевски.

-Беа соборени два дрона. Нема жртви, рече регионалниот гувернер Вјачеслав Гладков на Телеграм, додавајќи дека остатоците од авионот паднале на патот во близина на станбена зграда.

Регионот Белгород се наоѓа на запад од Русија, на границата со Харков од украинската страна.

Украинската офанзива со беспилотни летала против руските градови, без разлика дали се во близина на Украина, на анектираниот полуостров Крим или во руската престолнина, се интензивираше во последните месеци.