👁️  5

Извршниот Комитет на Европската ракометна федерација донесе одлука да биде оставено едно празно место во претквалификациите за машкото Европско првенство во 2026 година што ќе се игра во Данска, Шведска и Норвешка.

Тоа место би можело да и припадне на некоја од во моментов суспендираните федерација – Русија и Белорусија.

Во претквалификациите кои се играат во јануари 2024 година има три двојки (Koсово – Велика Британија, Летонија – Луксембург и Белгија – Кипар), а во квалификациите директно место обезбедија најдобрите осум селекции од претходните квалификации за ЕП 2024 што не обезбедија место на континенталниот собир – Естонија, Турција, Италија, Словачка, Финска, Украина, Израел и Литванија.

Останатите 20 квалификанти ќе бидат учесниците на ЕП 2024 без шампионот и трите домаќини на ЕП (Данска, Шведска и Норвешка).

За потсетување, Русија и Белорусија последен пат настапија на ЕП 2022 година во машка конкуренција, додека кај дамите Русинките беа дел од СП 2021.